Политика на приватност : Македонија

Информации за заштита на личните податоци

Ние, Друштво за производство и трговија ЏОЈСОН СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кичево, со адреса во Технолошко индустриска развојна зона Кичево, Кичево, Република Северна Македонија, (datenschutz@eu.joysonsafety.com), со ова ве информираме за нашата обработка на лични податоци.

За секакви прашања или барања во врска со нашата обработка на лични податоци, ве молиме контактирајте нѐ преку пошта на адреса Технолошко индустриска развојна зона Кичево, Кичево, Република Северна Македонија, на внимание на нашиот офицер за заштита на лични податоци, или на е-пошта: Aneta.Poposka@joysonsafety.com, Daniela.Martinovska-Jovanoska@joysonsafety.com.

Во продолжение ви ги даваме најважните информации во врска со типичната обработка на ваши лични податоци, според засегнатите групи. Барањата за податоци за одредени видови на обработка на податоци кои се однесуваат само на некои одредени групи се исполнуваат одделно.

Во овој текст, поимот „податоци" се однесува само на личните податоци, како што овој поим е дефиниран во Законот за заштита на личните податоци што важи во Република Северна Македонија („ЗЗЛП").

1. Посетители на веб-страницата
2. Кандидати за вработување
3. Заинтересирани страни, комуникациски партнери
4. Општи информации и права на засегнатите лица

1. Посетители на веб-страницата
1.1 Податоци за серверскиот дневник на записи

Со секое барање нашиот веб-сервер обработува низа на податоци, кои вашиот пребарувач автоматски ги пренесува до нашиот веб-сервер. Такви податоци се IP адресата која моментално е доделена на вашиот уред, датумот и времето на барањето, временската зона, конкретната страница или датотека кои биле прегледани, кодот за http статус и обемот на пренесените податоци; исто така, веб-страницата од која дошло вашето барање, користениот пребарувач, оперативниот систем на вашиот уред, колачињата, информациите за статусот, на пример, пораките за грешки, времето на генерирање на страници и поставениот јазик. Веб-серверот ги користи овие податоци за да ја прикаже содржината на оваа веб-страница на најдобар можен начин, на вашиот уред.

1.2 Анализа на однесувањето на корисникот

За да го анализираме однесувањето на посетителите и за целите на дизајнот на веб-страницата кој е ориентиран спрема нивните потреби, ние го користиме софтверот Matomo (претходно наречен Piwik). Доколку се согласите со ова, софтверот ќе користи различни податоци коишто вашиот пребарувач автоматски ќе ги пренесува. Вашата IP адреса ќе се обработува само во анонимизирана форма. Исто така, овој софтвер зачувува мали текстуални датотеки, наречени „колачиња", на вашиот уред за да го анализира вашето однесување како посетител под псевдоним. Ова се таканаречените „колачиња од прва страна“, односно колачиња кои не се поставени од даватели на услуги кои се трети страни и кои не овозможуваат анализа на вашето однесување како корисник преку различни домени. Ќе се евалуира само однесувањето при користење на нашата веб-страница преку конкретниот уред. Називите на колачињата опишани во овој дел почнуваат со:
_pk_ref,
_pk_cvar,
_pk_id,
_pk_ses.

Податоците што ќе ги прибере Matomo нема да се користат да за се утврди личниот идентитет на посетителите на веб-страницата. Исто така, таквите податоци нема да се комбинираат со други податоци за да се идентификува посетителот.
Можете да го спречите складирањето на овие колачиња, така што ќе ги изберете соодветните поставки во вашиот пребарувач или ќе ја повлечете вашата согласност за евалуација на вашето однесување како корисник избирајќи ја таквата опција овде.

ВНЕСЕТЕ ЈА ОВДЕ ОПЦИЈАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТА

Ќе можете да спречите да се врши анализа на какви било дејствија што ги преземате, со цел да ја заштитите вашата приватност, но ќе го спречите и операторот на веб-страницата да учи од вашите дејствија и да ја подобрува употребливоста на веб-страницата за вас и за други корисници.
[…] Вашето користење на оваа веб-страница тековно подлежи на аналитичките операции на Matomo за веб-страници. Отштиклирајте го полето за да ја повлечете вашата согласност (opt-out).

1.3 Целта на обработката на податоците е презентирањето на нашето претпријатие и неговите онлајн услуги, како и размената со комуникациските партнери. Целта на евалуацијата на корисничкото однесување на веб-страницата е дизајнирање на веб-страницата според потребите на корисниците.
1.4 Правната основа за обработката е предвидена во членот 6 став (1) алинеја 6) од ЗЗЛП (легитимен интерес, обезбедување на присуство на интернет и комуникација со комуникациските партнери). Правната основа за анализа на корисничкото однесување е предвидена во член 6 став (1) алинеја 1) од ЗЗЛП (согласност).
1.5 Податоците од серверскиот дневник на записи и од комуникациите не се откриваат на трети лица, освен доколку не настапат посебни околности. Доколку постои сомневање за сторено кривично дело или доколку се водат прелиминарните истраги, податоците можат да бидат откриени на полицијата и јавниот обвинител. Исто така, користиме и даватели на услуги за да обработуваат податоци по наш налог и за наша сметка додека ни обезбедуваат услуги, особено за обезбедување, одржување и грижа за информатичките системи, локално и/или во рамките на Европската унија или Европскиот економски простор.
1.6 IP адресите ќе бидат анонимизирани најдоцна во рок од седум дена. Псевдонимизираните податоци за користење се бришат по три месеци. Колачињата од Motomo ќе бидат избришани согласно дефинираните временски периоди од табелата подолу .

_pk_id

после 13 месеци
_pk_ref после 6 месеци
_pk_ses, _pk_cvar, _pk_hsr после 30 минути

1.7 Не е можно да се користи веб-страницата без да ни се откријат лични податоци, како што е IP адресата. Комуникацијата преку веб-страницата без информации не е можна. Користењето на веб-страницата е можно и доколку е вложен приговор против псевдонимизираната анализа на користењето.

2. Кандидати за вработување
2.1 Целта на обработката е изборот на кандидат за вработување.
2.2 Правната основа за обработка на податоци на кандидати за вработување е предвидена во член 6 став (1) алинеја 2) од ЗЗЛП (барање за склучување на договор за вработување). Доброволно дадените информации во рамките на вашата пријава се обработуваат врз основа на член 6 став (1) алинеја 1) од ЗЗЛП (согласност).
2.3 Ако сте исто така заинтересирани за информации во врска со некои други работни места, правната основа е предвидена во член 6 став (1) алинеја 1) од ЗЗЛП (согласност).
2.4 Податоците на кандидатот за вработување се проследуваат интерно до надлежниот и одлучувачки персонал. Исто така, користиме и даватели на услуги за да обработуваат податоци по наш налог и за наша сметка додека ни обезбедуваат услуги, особено за обезбедување, одржување и грижа за информатичките системи, локално и/или во рамките на Европската унија или Европскиот економски простор.
2.5 Податоците на кандидатот за вработување ќе бидат избришани во рок од пет работни дена по завршувањето на постапката по конкретниот оглас за вработување. Доколку кандидатот за вработување изразил интерес и за некое друго работно место, податоците ќе се чуваат до шест месеци по завршувањето на последната постапката по оглас за вработување или по последната конкретна пријава на интерес за вработување.
2.6 Кандидатот за вработување е должен да ни ги открие неговите/нејзините податоци. Без такво откривање на податоците, поднесувањето на пријавата за вработување нема да биде можно.

3. Заинтересирани страни, комуникациски партнери
3.1 Ги обработуваме податоците на заинтересираните страни и на комуникациските партнери, со цел да комуницираме со засегнати страни.
3.2 Правната основа за обработката на податоците на заинтересираните страни и другите комуникациски партнери е предвидена во член 6 став (1) алинеја 6) од ЗЗЛП (легитимен интерес, имено комуникација со заинтересирани страни и комуникациски партнери).
3.3 Дописите се проследуваат интерно до вработените кои се одговорни за тоа. Исто така, користиме и даватели на услуги за да обработуваат податоци по наш налог и за наша сметка додека ни обезбедуваат услуги, особено за обезбедување, одржување и грижа за информатичките системи, локално и/или во рамките на Европската унија или Европскиот економски простор.
3.4 Дописите и комуникациите автоматски се бришат по десет календарски години.
3.5 Заинтересираните страни и комуникациските партнери се должни да ни ги откријат нивните податоци. Без такво откривање на податоците, комуникацијата нема да биде можна.

4. Општи информации и права на засегнатите лица
4.1 Ние не користиме автоматизирани единечни постапки на обработка.
4.2 Имате право во секое време да побарате информации за сите лични податоци кои ги обработуваме за вас.
4.3 Ако вашите лични податоци се неточни или нецелосни, имате право да извршите исправка и дополнување.
4.4 Во секое време можете да побарате бришење на вашите лични податоци, освен ако не сме законски обврзани или овластени за понатамошна обработка на вашите податоци.
4.5 Доколку се исполнети законските барања, можете да побарате ограничување на обработката на вашите лични податоци.
4.6 Имате право да се спротивставите на обработката, доколку обработката на податоците се врши заради директно рекламирање или профилирање. Ако обработката се врши врз основа на балансирање на интересите на страните, можете да се спротивставите на обработката, наведувајќи ги причините коишто произлегуваат од вашата конкретна ситуација.
4.7 Ако обработката на податоците се одвива врз основа на ваша согласност или согласно договор, тогаш го имате правото да ги пренесете податоците што сте ги дале, во мерата во која тоа нема да влијае на правата и слободите на другите лица.
4.8 Ако ги обработуваме вашите податоци врз основа на изјава за согласност, тогаш во секое време имате право да ја отповикате таа согласност, со ефект којшто ќе се применува во иднина. Таквото отповикување нема да има влијание врз обработката којашто се спровела пред чинот на отповикување.
4.9 Понатаму, исто така имате право во секое време да поднесете жалба до надзорниот орган за заштита на лични податоци, доколку сметате дека податоците се обработени спротивно на некој важечки закон.

07 октомври 2019 година