Општи услови за користење: Македонија

Општи услови за користење

Оваа веб-страница ја обезбедува Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH (Џојсон Сејфти Системс Ашафенбург ГмбХ), со адреса на Bahnweg 1, 63743 Aschaffenburg, Deutschland (Германија).

Ве молиме внимателно да ги прочитате следните општи услови за користење на оваа веб-страница и да ja користите веб-страницата само ако се согласувате со овие општи услови за користење. Исто така, треба да знаете дека овие општи услови за користење можат да се променат во секое време, и истите веднаш да стапат во сила, без претходно известување.

Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH не гарантира за точноста и комплетноста на информациите дадени на веб-страницата.

Интелектуална сопственост

Сите права на интелектуална сопственост (како авторски права, трговски марки, права на дизајн) на веб-страницата припаѓаат на Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH и/или други компании од групацијата Joyson Safety Systems (Џојсон Сејфти Системс). Целосното или делумното умножување, јавното ставање на располагање или измена на содржините бара претходна согласност од соодветниот носител на правото, при што не се засега во законските ограничувања на авторските права.

Менување на содржината

Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH е овластен целосно или делумно да ја укине или да ја измени оваа веб-страница, во секое време, без претходна најава. Истото важи и за одржувањето на оваа веб-страница.

Одговорност за користење на веб-страницата

Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH не одговара за штети или загуби што произлегуваат од користењето на веб-страницата или на информациите содржани на истата, а кои не може да му се припишат во негова вина. Корисникот ја користи веб-страницата и информациите содржани на истата на сопствена одговорност и на сопствен ризик.

Насоки во врска со изјави кои се однесуваат на иднината

Информациите на веб-страницата можат да содржат изјави кои се однесуваат на иднината во врска со финансиската состојба и деловната успешност на Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH или на поедини компании на групацијата Joyson Safety Systems. Ве молиме имајте предвид дека таквите изјави подлежат на ризици и несигурности и може да отстапуваат од вистинските резултати зависно од промените во деловното опкружување.

Линкови до надворешни веб-страници

Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH е одговорен според општите закони за „сопствени содржини" кои се ставени на располагање на https://hr.joysonsafety.eu/. Од овие сопствени содржини треба да се разликуваат упатувањата („линковите") до содржини обезбедени од други даватели. Со помош на таквите линкови, Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH обезбедува за користење „содржини на трети", кои се соодветно означени како такви. Ако сметате дека поврзаните надворешни веб-страници ги кршат важечките закони или на друг начин имаат несоодветни содржини, ве молиме да нѐ известите.

Меродавно право

Содржините на оваа веб-страница и односот на користењето подлежат на законите на Сојузна Република Германија, со исклучок на Конвенцијата на ОН за договорите за меѓународна купопродажба на стоки и со исклучок на правилата за упатување на германското меѓународно приватно право, согласно член 4 од Rome II-VO.

Решавање на спорови

Интернет платформата за решавање на спорови обезбедена од Европската комисија е достапна на http://ec.europa.eu/odr. Joyson Safety Systems Aschaffenburg GmbH не е обврзана и не сака да учествува во постапките за решавање спорови пред арбитражни одбори за потрошувачки спорови.